Read more: http://tipsntrack.blogspot.com/2012/09/add-social-sharing-buttons-below-every.html#ixzz2NWeCtFfm

Thursday, March 14, 2013

Милан ќе го продолжи договорот со Пацини

Управата на Милан е подготвенa да му понуди нов договор на 28-годишниот напаѓач Џампаоло Пацини.

Популарниот Пацо минатото лето дојде на Сан Сиро од редовите на градскиот ривал Интер како дел од размената во која во спротивен правец замина Антонио Касано.

Италијанскиот голгетер особено на последните неколку настапи покажа дека се наоѓа во одлична форма и поради тоа клубот реши да го награди со нов договор.

Актуелниот договор на Пацини трае до 2015-та година , но Милан под истите услови сака тој да остане уште една сезона , додека неговата плата од 2,7 милиони евра не би се менувала.

Поранешниот фудбалер на Аталанта , Фиорентина ,Сампдорија и Интер оваа сезона постигна 12 гола во 21 одигран натпревар во Серија А.

Изминатава сабота Пацини даде два гола за Милан во победата од 3:0 против Лацио.
Read more: http://tipsntrack.blogspot.com/2012/09/add-social-sharing-buttons-below-every.html#ixzz2NWe6nBDO

No comments:

Post a Comment